Шилегов: Теарчани гласаа за промени
Петре Шилегов, носител на листа во ИЕ 6, вели дека прегласувањето било симболично, и е уверен оти ќе успеат да формираат парламентарно мнозинство.

Граѓаните на Теарце гласаа за промени и за живот во Македонија, рече носителот на листата од коалицијата предводена од СДСМ во шестата изборна единица, Петре Шилегов. Вели дека прегласувањето било симболично, и е уверен оти ќе успеат да формираат парламентарно мнозинство.
Со гордост може да кажам дека граѓаните на Теарце се приклучија на остатокот на граѓаните на Република Македонија и вечерва гласаа за промени, гласаа за живот во Македонија без оглед на притисоците коишто беа присутни во изминативе неколку дена, изјави во недела вечер Петре Шилегов, носител на листа во ИЕ 6.
„Излегоа храбро, достоинствено и кажаа дека е доста, дека и тие како и остатокот од Македонија бараме живот во оваа држава, одговорни институции, одговорна Влада, Влада која што ќе одговори на потребите на Република Македонија“, рече Шилегов.
