ВМРО-ДПМНЕ: Посветени на идните чекори за формирање влада

26.12.2016 10:42

Во соопштението до медиумите се наведува дека за ВМРО-ДПМНЕ изборите завршија на 11-ти декември.

По прегласувањето на едно изборно место во Теарце, се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението до медиумите се наведува дека за ВМРО-ДПМНЕ изборите завршија на 11-ти декември.

И ние, како и целата јавност дознавме, дека и покрај сите напори, Теарчани го спречиле обидот за постизборен инженеринг. Им честитаме за тоа. Како победници на изборите, остануваме посветени на идните чекори околу формирање нова влада. Воедно остануваме на нашите ставови искажани во изјавата од 11-ти декември, кога беа сумирани изборните резултати, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.