Нетанјаху се закани со преиспитување на односите меѓу Израел и ОН

26.12.2016 11:09

„Како можеа сите земји кои ни ја честитаа Ханука да гласаат за одлуката на ОН со која се вели дека ова место, местото каде што се слави Ханука, е окупирана земја? Западниот Ѕид не е окупиран, ни еврејскиот кварт не е, а и другите делови не се, па затоа не можеме и нема да ја прифатиме одлуката“, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани со преиспитување на односите меѓу Израел и ОН, откако Советот за безбедност на Светската организација усвои резолуција со која се осудува израелската политика за изградба на еврејски доселенички населби на Западниот Брег и во источен Ерусалим.

„Како можеа сите земји кои ни ја честитаа Ханука да гласаат за одлуката на ОН со која се вели дека ова место, местото каде што се слави Ханука, е окупирана земја? Западниот Ѕид не е окупиран, ни еврејскиот кварт не е, а и другите делови не се, па затоа не можеме и нема да ја прифатиме одлуката“, рече Нетанјаху.

За Нов Зеланд, Венецуела, Малезија и Сенегал изградбата на еврејски населби е прекршување на меѓународното право и пречка за мировното решение по моделот на „две држави“ - Израел и Палестина. Нетанијаху побарал од Владата да го испита натамошното финансиско учество на Израел во фондовите на Светската организација и повлекувањето на земјата од проектите што ги предводи ОН