Брисел: Празници под засилени мерки за безбедност

26.12.2016 11:29

Европа е подготвена за прославата на Нова Година, но поради терористичките закани, безбедноста е подигната на највисоко ниво. Во големите градови и во познатите туристички места се распоредени полициски сили.

За време на Новогодишните празници Гранд Плац е најпосетуваното и најфрекфентното место во Бисел. Поради неодамнесните терористички напади, зајакнати се безбедносните мерки.

Илјадници туристи, овие денови се упатуваат кон центарот во Брисел, реки од народ се слеваат низ улиците кон познатиот Гранд Плац и околината во која, во овој период забавата никогаш не завршува. Сепак не може, а да не се забележи зголеменото присуство на полицијата и присуството на специјалните единици во полна борбена опрема. И додека некои од граѓаните воопшто не обрнуваат внимание на тоа, други токму поради тоа се чувствуваат безбедно. Неколкумина граѓани во нашата анкета на терен изјавија дека тоа ги вознемирува и им наметнува лошо претчувство.

Не се чувствувам безбедно. Доаѓаме од Амстердам, таму е многу мирно, но кога пристигнавме во Брисел, забележуваме многу полиција. Имаме чувство како нешто да се случува, не е само поради инцидентот во Германија.

Да се чувствувам безбедно. Видете, самиот живот е опасен, има секакви луѓе, но ние мора да продолжиме да живееме, да славиме, да останеме слободни“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

За во новата 2017-та година, традиционално Бриселчани посакаа мир во светот, љубов, здравје.

Мир во светот и повеќе работа во Белгија.“

„Здравје и молитва за во светот да влдее мир, и љубов“, велат анкетираните.

Во пресрет на новогодишната прослава хотелските капацитети се полни, рестораните и кафе баровите се подготвени за пречек на најлудата ноќ во годината.

Имаме специјална програма и мени за посетителите. Се надевам дека оваа година сѐ ќе помине во најдобар ред“, вели еден угостител.

А градот, особено центарот на Брисел наликува на снежна приказна, наречена Зимските чуда. Низ улиците околу Гранд Плац поставени се дрвените куќички каде се служи греано вино, морска храна и стотици цоколадни производи. Пред кралската Опера поставено е лизгалиште кое е главно свртилиште на младите. На плоштадот „Катерина“ се наоѓа големото панорамско тркало, додека на речиси секој кварт се одржуваат мали концерти на локални груп. На новогодишната ноќ, Бриселчани ќе ги забавуваат 60 светски ди-џеји, проследено со традициналниот огномет од „Монт дез Арт“.

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ