Конститутивната седница на Собранието откако ДИК ќе го достави извештајот за резултатите

26.12.2016 11:42

Новоизбраните пратеници се состануваат на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав, а доколку тоа не се случи во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат собранието 21 ден од денот на завршувањето на изборите.

Конститутивната седница на новиот состав на Парламентот ќе биде закажана откако Државната изборна комисија ќе го достави извештајот за резултатите од предвремените парламентарни избори и освоените мандати, информираат од кабинетот на спикерот Вељаноски.

Новоизбраните пратеници се состануваат на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав, а доколку тоа не се случи во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат собранието 21 ден од денот на завршувањето на изборите.

Претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Мандаторот пак во рок од 20 дена до Собранието поднесува програма и го предлага составот на Владата.