Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег во Берово, Делчево, Прилеп и на Плетвар

26.12.2016 11:57

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, па затоа се апелира на внимателно возење ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Слаб снег провејува во Берово, Делчево, Прилеп и на Плетвар, кој не се задржува на коловозот, информираат од „Македонија Пат“.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, па затоа се апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.