Четири жртви во невремето на Филипините
26.12.2016 12:35
Просечната брзина на тајфунот Нок-Тен се движела околу 185 километри на час, а во една област достигнал и брзина од 255 километри на час...

Четири лица загинаа во тајфунот на Филипините. Предизвикана е и голема материјална штета. Околу 218.000 лица се евакуирани во центрите.
Просечната брзина на тајфунот Нок-Тен се движела околу 185 километри на час, а во една област достигнал и брзина од 255 километри на час, поради што било прекинато снабдувањето со електрична енергија и комуникациските мрежи.
Тајфунот се движи кон Манила.
