СДСМ: Пренамена на парите од буџетот на Град Скопје за намалување на загадувањето
Како што стои во дописот, ќе се пренаменат 20 милиони евра кои се трошат за Панорамско тркало, 5,7 милиони евра планирани за барокни фасади, 500 илјади евра за партерно уредување на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицискиот СДСМ соопшти дека новата влада што ќе се формира ќе извршела пренамена на парите од буџетот на Град Скопје, за да се намали загадувањето во Скопје. Од градоначалникот Трајановски побара да поднесе оставка.
Како што стои во дописот, ќе се пренаменат 20 милиони евра кои се трошат за Панорамско тркало, 5,7 милиони евра планирани за барокни фасади, 500 илјади евра за партерно уредување на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Со овие пари, стои во соопштението, ќе се овозможи бесплатен јавен превоз за граѓаните во денови на високо загадување и субвенции за греење за социјално најранливите категории.
