Индонезија и Тајланд одбележуваат 12 години од кобното цунами
26.12.2016 14:49
Една од најтешките природни катастрофи во историјата погоди истовремено 14 земји во светот.

Индонезија и Тајланд ја одбележуваат 12-годишнината од кобното цунами кое однесе 230 илјади човечки животи. Една од најтешките природни катастрофи во историјата погоди истовремено 14 земји во светот.
Во земјотресот од 9,1 рихтер во Индоензија загинаа 170 илјади, а цунамито стигна дури до брегот на Суматра. Индонезија е дел од т.н. Огнен прстен, сеизмички активно подрачје во Пацификот.
