Земјотресите и каското го радвижија осигурителниот бизнис
Вкупниот осигурителен сектор во 2016-та бележи пораст од 4,86 насто. За прв пат зголемен број полиси за Каско. Земјотресите ги испровоцираа граѓаните, голем број осигурителни полиси од ризик. Пад кај осигурувањето на имот за 7,20 насто, објави Агенцијата за супервизија на осигурување.

Политичката криза удри по осигурителниот бизнис, ја забави динамиката на раст. Сѐ уште се осигурува само она што мора, 2016-тата се очекува да заврши со раст од 4 проценти, слични се проекциите и за следната година. Но, годинава за прв пат по две децении, за 10,38 насто е зголемен бројот на полиси за каско. Земјотресите и поплавите го раздвижија овој сектор, за 46,6 проценти пораснал бројот на склучени договори, најголем број потпишани од граѓани- биле пријавени 94 штети, исплатени само пет, во полисите немале ризик земјотрес- говорат анализите на Агенцијата за супервизија на осигурување.
„Во 2013 година имало 22.683 вкупно договори, а заклучно со третиот квартал од 2016 има пораст од 46,59 проценти и склучени се 33.252 договори. Најголем пораст има кај физичките лица. Во 2014 година имало 1.818 договори, во 2015 - 5.118, додека во 2016 година 6.183 договори. При тоа 86,5 проценти од полисите ги купиле граѓаните“- вели Климе Попоски, директор на Агенција за супервизија на осигурување.
Кај имотот, за речиси осум насто е намалена бруто полисираната премија, конкуренцијата ги скастрила цените па велат надлежните зголемен е бројот на полиси. 2016-тата се очекува да заврши со раст од 4 проценти, слични се проекциите и за следната година. Стаистиките покажуваат, и во третиот квартал од 2016-та, најголема бруто полисирана добивка има задолжителното осигурување.
„Бруто полисираната премија во третиот кавртал изнессува 6,62 милиони денари, 44,86 насто поголема во однос на лани. Позитивен тренд е присутен во животното и неживотното осигурвање, бруот полисирана премија од 5,80 милијарди денари, 3,08 насто во однос на лани“, посочува Рената Варга Мидева, Здружение на осигурување при СКМ.
Годинава, исплатени биле 2,26 милијарди денари за штети на осигуран имот. Во Македонија има 15 осигурителни друштва, 11 од неживотнто, четири кои работат на осигурување на живот. Од Агенцијата најавија, конкуренцијата в година ќе се зајакне со петта компанија.
Сузана Фиданска- Стоевска
