Конституирање на Собранието и верификација на мандатот на пратениците
Според Уставот, новоизбраните пратеници се состануваат на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Седницата ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав, а доколку тоа не се случи во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието, дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Државната изборна комисија, утре до Собранието треба да го достави извештајот за резултатите од предвремените парламентарни избори и освоените мандати, по што се очекува да биде одреден датумот на конституирањето на новиот состав на Парламентот.
Според Уставот, новоизбраните пратеници се состануваат на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Седницата ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав, а доколку тоа не се случи во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието, дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.
Претседателот на државата е должен, во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на новата влада да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
Мандаторот, пак, во рок од 20 дена, до Собранието поднесува програма и го предлага составот на Владата.
