Јапонскиот премиер Абе во историска посета на Перл Харбур

27.12.2016 10:26

Абе ќе им одаде почит на загинатите во текот на нападот, но нема и да се извини. Во нападот пред 75 години, беа убиени 2.300 американски морнари, воен персонал и цивили...

Јапонскиот премиер Шинзо Абе, пристигна на Хаваите, во историска посета на американската поморска база Перл Харбур, што Јапонската империјална авијација ја нападна на 7 декември 1941 година.

Абе ќе им одаде почит на загинатите во текот на нападот, но нема и да се извини. Во нападот пред 75 години, беа убиени 2.300 американски морнари, воен персонал и цивили, а нападот беше повод САД да влезат во втората светска војна на страната на антихитлеровската коалиција.