По десетти пат ќе биде прогласен „Претприемач на годината“

27.12.2016 10:29

Манифестацијата „Претприемач на годината“ одбележува десетгодишен јубилеј и е во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори и Стопанската комора на северозападна Македонија.

Денеска ќе бидат доделени наградите за успешните претприемачи од микро и малите претпријатија во земјава.

Манифестацијата „Претприемач на годината“ одбележува десетгодишен јубилеј и е во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори и Стопанската комора на северозападна Македонија.

Коорганизатор е Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење, а институционален покровител е Министерството за економија на Македонија.