Горивата од денеска со повисоки цени

27.12.2016 10:32

Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапеа за два денара, со сличен раст и цената на мазутот.

Горивата од денеска со повисоки цени, реши Регулаторната комисија за енергетика. Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапеа за два денара, со сличен раст и цената на мазутот.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 66,5 денари за литар, а 98-октанскиот бензин се продава за 68,5 денари. Цената на дизелот се зголемува на 53,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за 42 денара. Новата цена на музутот е 28,109 денар за килограм.

Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за 4,46 проценти, како резултат на поскапата сурова нафта на светските берзи, и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.