Пет лица ранети во престрелка во Москва
27.12.2016 10:48
Според властите, маж со огнено оружје ранил тројца припадници на полицијата во западниот дел на Москва. Во престрелката биле ранети и двајца цивили.

Пет лица, меѓу кои и тројца полицајци биле ранети во престрелка во Москва. Според властите, маж со огнено оружје ранил тројца припадници на полицијата во западниот дел на Москва.
Во престрелката биле ранети и двајца цивили. Четворица од ранетите се примени во болница, а на петтиот му е укажана медицинска помош на лице место, додаде полицијата.
Напаѓачот се скрил во станбена зграда, која во моментот се претресува.
