Индија: Авион се излизгал од пистата, 15 повредени
27.12.2016 11:04
Причините за несреќата се непознати, а во авионот кој се подготвувал да полета за Мумбај имало 161 патник и членови на екипажот.

Авион на индиската авиокомпанија „Џет ервејз“ се излизгал од пистата на аеродромот Гоа, на запад во Индија. Во инцидентот биле повредени 15 лица.
Причините за несреќата се непознати, а во авионот кој се подготвувал да полета за Мумбај имало 161 патник и членови на екипажот. Леталото подоцна успешно полетало.
