Турција: Забрана за извештаи за истрагата од убиството на рускиот амбасадор

27.12.2016 11:53

Забраната поконкретно, се однесува за објавување видео- записи од местото на убиството...

Суд во Анкара забрани медиумите да известуваат за истрагата за убиството на рускиот амбсадор во Турција, Андреј Карлов, одлука која е донесена по барање на обвинителството во Анкара.

Забраната поконкретно, се однесува за објавување видео- записи од местото на убиството, како и за сведочење на осомничени лица и ќе важи се до крајот на истрагата.