Вашингтон: Мосул и Рака ќе бидат ослободени за две години

27.12.2016 12:18

Рака се смета за „престолнина“ на ИД во Сирија, и по ирачкиот град Мосул, таа претставува главно упориште на терористите...

За ослободување на сирискиот град Рака и ирачкиот Мосул, како и за ликвидација на останатите терористи на Исламска држава, ќе бидат потребни уште две години, смета генерал-потполковник Стивен Таунсенд, командант на меѓународната воена коалиција, предводена од САД.

Таусенд нагласи и дека постои напредок во спротивставувањето на ирачката војска на терористите. Рака се смета за „престолнина“ на ИД во Сирија, и по ирачкиот град Мосул, таа претставува главно упориште на терористите во овој регион.