Норвешка: Над 70 илјади граѓани останаа без струја поради циклон
27.12.2016 14:01
Долж западното крајбрежје на Норвешка просечната брзина на ветрот била 32 метри во секунда, а на одредени места и до 45 метри во секунда.

Циклонот урд, кој го погоди крајбрежјето на неколку скандинавски земји остави без струја над 70 илјади лица во Норвешка. Циклонот достигнал сила на ураган.
Долж западното крајбрежје на Норвешка просечната брзина на ветрот била 32 метри во секунда, а на одредени места и до 45 метри во секунда.
Според метеоролозите, јачината на ветрот се намалува.
