„Центар се грижи за возрасните“ - нов проект на општина Центар

27.12.2016 14:35

Според градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, за проектот кој што ќе се спроведува три месеци можат да аплицираат жителите на општината до 27-ми јануари наредната година...

Општина Центар почна со нов проект за субвенции за медицинска грижа на 120 возрасни лица над 64 години.

Според градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, за проектот кој што ќе се спроведува три месеци можат да аплицираат жителите на општината до 27-ми јануари наредната година, а селекцијата ќе се врши врз основа на социјалниот статус, финансиската положба и здравствена состојба на оние кои што ќе се пријават.

Целиот проект ќе чини 3.200.000 денари, а парите ќе бидат обезбедени од општинската каса.