Почнува судскиот процес за воениот удар во Турција

27.12.2016 14:41

Полицајците се обвинети дека биле соучесници во обидот за воен удар, поради тоа што не ги извршувале своите задачи.

Во Истанбул денеска почнува судски процес против 29 поранешни полицајци, кои се обвинети дека учествувале во обидот за воен удар во јули. Ова е првиот судски процес за обидот за пуч, во кој загинаа 270 лица.

Полицајците се обвинети дека биле соучесници во обидот за воен удар, поради тоа што не ги извршувале своите задачи. Обвинителите бараат пресуда доживотен затвор за 21 од обвинетите за воен удар, а за останатите осуммина 15 години затвор за членство во терористичка организација.