Индијана конечно победи кај Атланта
05.02.2014 09:22
Лејкерс повторно потфрлија, Чикаго се врати во живот, Шарлот одигра импресивна партија во синоќешната кошаркарска понуда преку Океанот.
По 12 лигашки порази во серија, Пејсерс триумфираа на гостински терен против Хокс. Дејвид Вест постигна 22 поена, Пол Џорџ додаде 18 во редовите на победникот, екипата со најдобар скор во НБА лигата.

Чикаго се ревитализира по -29 катастрофата во претходната рунда, со победа против Феникс, со што е прекината серијата на Санс од 5 последователни триумфи. Карлос Бузер се издвои со учинокот 19 поени и 12 скокови кај славеничкиот состав.
Кевин Лав постигна 31 поен со 17 скокови, во победата на Минесота против Лејкерс, што е седми пораз во низа за тимот од ЛА. Во ростерот на Лејкерс, повторно заигра Стив Неш кој што беше повреден.
Стефон Кари имаше учинок 17 поени и 11 скокови против екипата од неговиот роден град, Ал Џеферсон реализира 30 поени со 13 скокови, Џералд Хендерсон постигна 17 поени на кои што додаде 8 скокови. Ова трио го предводеше тимот на Голден Стејт до победа против Шарлот.
Резултати:
Атланта – Индијана 85:89
Минесота – Лејкерс 109:99
Феникс – Чикаго 92:101
Голден Стејт – Шарлот 91:75