Подароци за децата од згрижувачките семејства

27.12.2016 14:51

„Волшебна елка на желби“ настан кој веќе осма година по ред им ги разубавува новогодишните празници на децата кои се сместени во згрижувачки семејства. Водени од идејата дека секој човек а посебно децата треба да се чувствуваат пријатно за време на Новогодишните празници, Црвен крст на Град Скопје во соработка со меѓуопштинскиот Центар за социјална работа го организираат овој настан со кој оваа година израдуваа 60 деца.

На 60 дечиња сместени во згрижувачки семејства им се исполнија новогодишните желби. Секое од нив имаше различни барања до најпосакуваниот дедо меѓу децата. И згрижувачите задоволни.

„Волшебна елка на желби“ е настанот кој ги разубавува празниците на децата од овие хумани семејства. На 5- ти декември децата со волонтерите од Црвениот крст од Скопје ги запишаа своите желби и ги закачија на новогодишната елка. Сите хумани граѓани потоа избраа лампион и ја остварија желбата на децата. Водени од идејата дека секој човек треба да се чувствува пријатно за време на празниците, Црвениот крст на главниот град во соработка со меѓуопштинскиот Центар за социјална работа, но и со некои од основните училишта преку подароците изнудуваат насмевка кај децата.

Проектот трае веќе осум години. Децата од семејствата покрај даровите, се радуваа и на претставата „Од зрно до леб“ преку дружењето со ликот Брашко, кој низ песна и дијалози, им раскажа како се прави лебот.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска