Пронајден моторот на урнатиот руски авион
Пронаоѓањето на моторот претставува нова трага во истрагата за причините за несреќата во која настрадаа 92 лица. Во меѓувреме, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу изјави дека министерството прави огромни напори во потрага по телата на загинатите.

Руското министерство за одбрана соопшти дека биле пронајдени уште делови од рускиот авион Тупољев 154 во Црно Море. Со помош на пловилото кое го обезбедила Црноморската флота, вклучувајќи го и спасувачкото возило Епрон биле пронајдено уште три дела од леталото. Пронаоѓањето на моторот претставува нова трага во истрагата за причините за несреќата во која настрадаа 92 лица. Во меѓувреме, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу изјави дека министерството прави огромни напори во потрага по телата на загинатите.
„Се случи ужасна трагедија. Нашите пријатели, нашите колеги исчезнаа. Тие ја претставуваа нашата култура во светот“, изјави Шојгу.
Претходно беше пронајдена црна кутија која, како што е соопштено, е во пристојна состојба и е донесена во Москва, каде што детално ќе биде испитана на Институтот на космички сили на Русија.
„Треба да се истражи голема подводна површина за да ги пронајдеме остатоците од авионот. Ќе работиме додека има дневна светлина“, изјави Сергеј Фокин, претставник на Географското подморско здружение.
Во соопштението на Министерството се наведува дека според резултатите од експертите на институтот, испитувањето ќе почне штом кутијата детално се исчисти.
Според спасувачкиот тим, во задниот дел на авионот има уште две црни кутии, кои засега не се откриени. На местото на авионската несреќа биле пронајдени и телата на тројца загинати.
За потсетување, рускиот воен авион се урна во Црното Море во неделата, кусо време откако полетал од Сочи кон Сирија. Во несреќата загинаа 64 членови на хорот „Александров“, девет новинари, позната руска активистка, лекар и директорката на фондот „Праведна помош“.
Марина Автовска
