Ослободени браќата од Косово осомничени за планирање терористички напад
27.12.2016 15:12
Двајцата косовски граѓани биле ослободени поради недостиг на докази дека сакале да постават екслплозивна направа во трговски центар во Дуисбург.
Двајцата браќа од Косово на возраст од 31 и 28 години, кои што беа уапсени минатата недела под сомнение дека подготвувале терористички напад биле ослободени во текот на викендот. Двајцата косовски граѓани биле ослободени поради недостиг на докази дека сакале да постават екслплозивна направа во трговски центар во Дуисбург.
По добиени сознанија од разузнавачките служби за можен напад на трговскиот центар и божиќниот панаѓур во центарот на Дусибург во петокот полицијата спроведе целосна евакуација на посетителите, а подоцна пребаруваше десетина апартмани и комерцијални објекти.
