Средба Заев- Стафансон
27.12.2016 16:02
Како што соопштуваат од партијата, заеднички било констатирано дека над 612 илјади граѓани во Македонија се изјаснија за промени...

Новата влада во Македонија мора да биде посветена на потребните реформски процеси, нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија, посочил претседателот на СДСМ, Заев на средбата со шведскиот амбасадор Стафансон.
Како што соопштуваат од партијата, заеднички било констатирано дека над 612 илјади граѓани во Македонија се изјаснија за промени. Независно од нивната едничка припадност, очекуваат подобрување на квалитетот на живот и примена на европските вредности во Македонија, стои во дописот од СДСМ.
