Вашингтон со предупредување за можни терористички напади за празниците
Америка е во опасност од терористички напад како на божиќниот пазар во Берлин, Германија. Полициските служби веќе преземаат мерки за спречување на можни напади и побараа помош и од американските граѓани.

Американските полициски агенции предупредија полицајците да бидат подготвени за можни напади на исламските терористи во Соединетите Американски Држави. Исламската држава објави список на американски цркви со нивните адреси на социјалните мрежи што треба да бидат нападнати за време на празниците. Во апелот за поголема внимателност се вклучи и ФБИ со порака американските граѓани да пријават нелеган влез на дрога, оружје и лица во Америка.
„Некои јавни службеници коишто се заколнати да ги штитат нашите граници ги затвораат очите за да ги полнат џебовите. Приоритет на ФБИ е да ги уапси овие лица. Потребна ни е ваша помош. Ако живеете или работите до граница, Вие можете да бидете нашите очи и уши. Ако видите корупција не затворајте ги очите, пријавете на ФБИ“, вели Алфредо Дуран, специјален агент на ФБИ.
Постои опасност поединци приврзаници на терористички за време на празниците ќе користат ножеви или возила за на напади врз цивили во Америка. Затоа новогодишните прослави ќе бидат под силно полициско обезбедување.
За време на празниците е подигнато нивото на безбедност во сите поголеми американски градови.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
