Земјодеслки задруги за поголем профит

05.02.2014 09:33

Земјоделците во Македонија мора да се здружуваат, сметаат повеќето...

Земјоделците во Македонија мора да се здружуваат, сметаат повеќето домашни и странски експерти. Голем дел од фармерите се мали производители и сами настапуваат на пазарот. За да добијат повисока цена, не знаат што да понудат и што бараат потрошувачите.

Немаат доволни количества за продажба,а и производтсвото е нестабилно и без стандарди. За потребата од задругите се согласуваат и земјоделските здруженија. Според нив недостасува поголема одговорност на менаџерите,активност на членовите, инфраструра, лојалност и човечки ресурси.

Сепак за заеднички настап на пазарот и за поголем профит постојат и добри примери на задруги поддржани  и од Државата и од  науката , организирани во сопствена асоцијација.