Потрошувачка

Месо и благо на новогодишната трпеза

27.12.2016 16:55

На новогодишната трпеза задолжително месо, може и благо. Од Агенцијата за храна велат- производите се безбедни, имало над 85 илјади контроли. Сепак, апелираат сите кои ќе забележат небезбедна храна, да пријават.

Раздвижено пред месарниците, слаткарниците и гифт-шоповите. Се брза да се купи сѐ што ќе биде потребно за новогодишната трпеза. За едните скапо за другите цените се исти, но велат треба да биде полна новогодишната трпеза. Месото е задолжително.

Од Агенцијата за храна велат дека инспекторите извршиле над 85 илјади контроли во внатрешниот промет и при увоз. Како небезбедни, од домашниот пазар, биле повлечени и уништени над 230.000 килограми храна од животинско и од неживотинско потекло. На граничните премини бил забранет влез на 26 небезбедни пратки со храна.

Од Агенцијата за храна апелираат сите кои ќе забележат небезбедна храна во маркетите или другите продажни објекти да се јават на нивниот бесплатен телефонски број.

 

Дијана Ценевска