Коалициите и партиите ќе ги подигнат уверенијата за новите пратеници

28.12.2016 08:34

Овој пат увреренијата, како што соопшти ДИК, ќе има бидат врачени на овластените претставници на коалициите и политичките партии кои освоија пратенички места, а не како досега лично на новоизбраните пратеници.

Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска попладне ќе бидат врачени уверенијата за новите пратеници избрани на предвремените парламентарни избори 2016.

Овој пат увреренијата, како што соопшти ДИК, ќе има бидат врачени на овластените претставници на коалициите и политичките партии кои освоија пратенички места, а не како досега лично на новоизбраните пратеници.

Се очекува по врачувањето на уверенијата, Собранието да го соопшти датумот на одржување на Конститутивната седница, која треба да биде свикана најдоцна до сабота, 31 декември, на полноќ.

Конститутивната седница, според најавите, ќе ја свика и со неа ќе претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски.

Нема информација дали на истата седница ќе бидат избрани претседател и заменици претседатели на Собранието или само ќе бидат верифицирани мандатите на пратениците.