Обама и Абе положија цвеќиња пред споменикот на жртвите од Перл Харбор

28.12.2016 10:23

Споменикот на Хаваите е изграден во 1962 година во облик на американскиот воен брод „УСС Аризона“, на кој загинаа 1.177 маринци...

Американскиот претседател Барак Обама и јапонскиот премиер Шинѕо Абе во Перл Харбор положија венци пред споменикот на жртвите од јапонскиот напад во Втората светска војна и упатија пораки за мир и пријателство.

Споменикот на Хаваите е изграден во 1962 година во облик на американскиот воен брод „УСС Аризона“, на кој загинаа 1.177 маринци во неочекуваниот јапонски напад.