Поддржувачите на Брегзит бараат договор за слободна трговија во ЕУ

28.12.2016 10:34

Групата „Излезот значи излез“ прати писмо до стопанските комори на сите 27 земји-членки на Унијата, барајќи разумна спогодба по напуштањето на европскиот блок.

Поддржувачите на Брегзит ги повикаа бизнис-групите низ Европа да извршат притисок врз владите за договор за слободна трговија со Британија.

Групата „Излезот значи излез“ прати писмо до стопанските комори на сите 27 земји-членки на Унијата, барајќи разумна спогодба по напуштањето на европскиот блок.

Групата предупреди дека трговските бариери би имале разорни последици.