Завршува мандатот на Спасовски и Ременски

28.12.2016 10:46

Согласно Пржинскиот договор ќе бидат разрешени од функциите, како и дополнителните заменик- министри во министерствата за информатичко општество, земјоделство и финансии...

Откако изборите и официјално ќе бидат прогласени за завршени министрите од СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ременски, согласно Пржинскиот договор ќе бидат разрешени од функциите, како и дополнителните заменик- министри во министерствата за информатичко општество, земјоделство и финансии.

Од функциите си заминуваат и дополнителните заменици министри Диме Спасов и Оливер Андонов.

Според најавите, на местото на Спасовски, до изборот на новата влада со МВР ќе раководи заменикот Агим Нухиу од ДУИ. Министерството  за труд и социјала пак ќе го води заменикот Ибрахим Ибрахими.