Комисијата за заразни болести препорачува дезинфекција против грипот
Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача темелна дезинфекција на сите детски градинки и училишта низ државава.

Поради тоа што во претстојниот период се очекува постојано зголемување на бројот на заболени од грип, Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача темелна дезинфекција на сите детски градинки и училишта низ државава.
Дезинфекцијата треба да ја направат Центрите за јавно здравје в петок во попладневните часови и в сабота претпладне, а во училиштата за време на распустот, пред почетокот на второто полугодие.
Освен тоа, Комисијата бара да се ограничат посетите на хоспитализираните пациенти во болниците за да се спречат интрахоспитални инфекции, како и да се изврши вонредна темелна дезинфекција во сите јавни здравствени установи каде што има хоспитализирани пациенти.
