САД негираат дека ги снабдуваат Сиријците со оружје

28.12.2016 11:16

„Нашиот став за ова оружје останува ист. Би биле многу загрижени доколку овој вид оружје стигне во рацете на исламистите и се употреби против цивилите“, изјави Марк Тонер, портпарол на Стејт депармент.

Американскиот Стејт департмент негира дека федерацијата ја снабдува сириската опозиција со противавионски ракети.

„Нашиот став за ова оружје останува ист. Би биле многу загрижени доколку овој вид оружје стигне во рацете на исламистите и се употреби против цивилите“, изјави Марк Тонер, портпарол на Стејт депармент.

Русија претходно соопшти дека одлуката на САД да го ублажи ограничувањето во вооружувањето на сириските бунтовници отворило можност за испорака на противавионски ракети, кои се истрелуваат од рамо, што директно би ги загрозила руските сили ви Сирија.