Соединетите Американски држави поддржуваат ново проширување на НАТО

05.02.2014 10:10

Соединетите Американски држави лобираат за ново проширување на НАТО, но кога ги прашав амбасадорите на земјите членки за тоа, тие поддржуваат прием на нови членки, но не прават ништо за тоа-вели поранешниот сенатор и влијателен политичар Ричард Лугар за Македонската телевизија. Според него, европските сојузници кои имаат економски проблеми се преокупирани со домашни проблеми, но Франција и Германија во последно време покажуваат поголем интерес за ново проширување на Алијансата.

Соединетите Американски држави поддржуваат ново проширување на НАТО, но прашање дали тоа е приоритет и за европските сојузници, вели поранешниот долгогодишен сенатор од Индијана, Ричард Лугар. Како Републиканец тој беше наклонет кон приемот на Македонија во Алијансата уште на самитот во Букурешт пред 6 години.

„Ги прашував амбасадорите од земјите членки на НАТО. Тие гледаат можност да има нов прием на членки, но истовремено не лобираат за тоа. САД лобира за проширување и мислам дека администрацијата ќе даде се од себе.„ - Ричард Лугар-поранешен сенатор од Индијана

Грција останува пречка за приемот на Македонија во НАТО, но според сенаторот Лугар, оваа година, американската администрација почнала поактивно да работи на спорот со името.

„САД внимателно ја разгледуваат важноста на НАТО. Мислам дека секретарот Кери обврнува повеќе внимание, но факт е дека многу наши сојузници имаат економски тешкотии и се преокупирани со домашни наместо меѓународни теми.„- Ричард Лугар-поранешен сенатор од Индијана

Поранешниот сенатор Републиканец Ричард Лугар од Индијана и поранешниот Конгресмен Демократ од Вашингтон, Норм Дикс, се согласуваат дека американската надворешна политика од 94-та наваму се менува како што се менува и администрацијата во Белата куќа.

„Сенаторот Лугар изјави дека европските сојузници, особено Франција и Германија во последно време се заинтересирани за ново проширување на НАТО.„

Ирина Гелевска, постојан дописник за МРТ од Вашингтон