И екс- германскиот канцелар Шредер под надзор на НСА!
Американската разузнувачка служба НСА го прислушкувала и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, велат истражувањата на два германски медиуми. Телевизијата Норддојче Рундфунк (НДР) и весникот Зидојче цајтунг (СЗ) се повикуваат на извори во американската влада и во самата НСА според кои надзорот на поранешниот канцелар Герхард Шредер почнал најдоцна во 2002.

Американската разузнувачка служба НСА го прислушкувала и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, велат истражувањата на два германски медиуми. Телевизијата Норддојче Рундфунк (НДР) и весникот Зидојче цајтунг (СЗ) се повикуваат на извори во американската влада и во самата НСА според кои надзорот на поранешниот канцелар Герхард Шредер почнал најдоцна во 2002. Тој бил прислушкуван од страна на разузнувачката служба НСА под бројот 388, јавуваат овие два медиуми. Според нивните извори во владата во Вашингтон и во НСА причина за акцијата за шпионирање на Шредер било неговото „не“ за војната во Ирак, која ја планираше и во 2003. година ја започна тогашниот американски претседател Џорџ Буш помладиот. Според весникот Зидојче Цајтунг овие податоци се потврдуваат и преку еден документ од колекцијата на поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден. Инаку Шредер беше германски канцелар од 1998 до 2005 година.
