Лозари од Тиквешкиот регион протестираа пред судот во Велес
Лозарите протестираа поради барањето винарската визба „Повардарие“ од Неготино да оди во Стечај. Велат дека тие се против стечај затоа што ќе останат без парите за предаденото грозје од годинашната берба.

Околу 300 лозари од Тиквешкиот регион протестираа пред судот во Велес поради барањето винарската визба „Повардарие“ од Неготино да оди во Стечај. Велат дека тие се против стечај затоа што ќе останат без парите за предаденото грозје од годинашната берба.
„Повардарие“ откупи грозје од околу седум илјади лозари. Годинава винарската визба наместо предвидените 15, откупи 31 милион килограми грозје. Се проценува дека вкупниот долг на „Повардарие“, заедно со неплатениот откуп од лани е 6 милиони евра.
Лозарите парите ги очекуваат до Нова Година. На лозарите им се исплатени само 20 насто од долгот.
