Расте бројот на заболени од грип

28.12.2016 13:04

Според епидемиолозите, се очекува бројот на заболените од сезонскиот грип да расте пред и по празниците. Лани не се прогласи епидемија на ова сезонско заболување, лекарите се надеваат дека таа слика ќе се повтори и годинава.

Расте бројот на заболени од грип- само за една недела во Центарот за јавно здравје се евидентирани 853 грипозни лица. Кај едно дете е потврден бактериски менингитис и е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести, информираат од Центарот за јавно здравје.

Според епидемиолозите, се очекува бројот на заболените од сезонскиот грип да расте пред и по празниците. Лани не се прогласи епидемија на ова сезонско заболување, лекарите се надеваат дека таа слика ќе се повтори и годинава.

Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача темелна дезинфекција на сите детски градинки и училишта низ државава. Дезинфекцијата треба да ја направат Центрите за јавно здравје в петок во попладневните часови и в сабота претпладне, а во училиштата за време на распустот, пред почетокот на второто полугодие.

Освен тоа, Комисијата бара да се ограничат посетите на хоспитализираните пациенти во болниците за да се спречат интрахоспитални инфекции, како и да се изврши вонредна темелна дезинфекција во сите јавни здравствени установи каде што има хоспитализирани пациенти.