Ахмети: ДУИ не води разговори за коалициска влада ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со СДСМ

28.12.2016 13:34

Единствениот дијалог кој го реализира ДУИ е со меѓународната заедница и со албанските партии околу заедничката национална платформа- ова го соопшти лидерот на интегративците, Али Ахмети, на средбата со амбасадорот на Шведска...

„Во овој момент, Демократската унија за интеграција не води разговори за коалициска влада ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со СДСМ. Единствениот дијалог кој го реализира ДУИ е со меѓународната заедница и со албанските партии околу заедничката национална платформа“- ова го соопшти лидерот на интегративците, Али Ахмети, на средбата со амбасадорот на Шведска во земјава, Мат Стафансон.

Меѓу другото, Ахмети на средбата посочил дека еднкавоста значи постабилно општество, а одговорноста за решавање на прашањето за името, интеграцијата, реформите и за добрите меѓуетнички односи треба да ја преземат сите.