10 деца загинаа во напад во Сирија

28.12.2016 13:44

Во меѓувреме, Турција и Русија постигнаа договор за прекин на огнот од утре на полноќ.

22 лица, вклучувајќи и 10 деца, загинаа во напад врз сириското село Деир Езор кое е под контрола на Исламска држава. Во меѓувреме, Турција и Русија постигнаа договор за прекин на огнот од утре на полноќ.

Американскиот Стејт департмент ги негираше тврдењата од Русија дека одлуката да се ублажи ограничувањето во вооружувањето на сириските бунтовници отвора можност за испорака на противавионски ракети.

Според Москва, тоа директно ги загрозува руските сили ви Сирија.