Метео: Ветровито и минусни температури
28.12.2016 15:04
На места ќе има услови за провејување на слаб снег. Дневните температури на повеќе места ќе бидат негативни.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно студено и ветровито време со силен ветер од северен правец.
На места ќе има услови за провејување на слаб снег. Дневните температури на повеќе места ќе бидат негативни.
Од петок следува постепено разведрување и значително спуштање на утринските температури.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
