Исламска држава најави напади во Европа за празниците

29.12.2016 10:12

Исламска држава ги повика муслиманите да ги одбегнуваат христијанските празнувања.

Џихадистите најавија напади за време на новогодишните празници во Европа. Предупредија: „Наместо огномет, ќе има појаси со експлозиви“.

Исламска држава ги повика муслиманите да ги одбегнуваат христијанските празнувања. Европските власти ја зголемија безбедноста поради нападот на Божиќниот панаѓур во Берлин.