Раст на вредноста на доларот и во 2017-та

29.12.2016 10:21

Вредноста на американскиот долар ќе продолжи да расте и наредната година ќе го надмине еврото. Американските експерти очекуваат раст на американската економија во наредните две години.

Вредноста на американскиот долар порасна за 3,5 проценти по изборот на Доналд Трамп за претседател. Курсот на доларот е речиси еднаков на еврото. Американските економисти предвидуваат во првите месеци од идната година доларот да го надмине еврото.

„Мислам дека е можно доларот да оди нагоре. Секако ова следува од економијата во моментов која ќе остане силна. Федералните резерви предвидуваат да го зголемуваат курсот на доларот и понатаму, на крајот на зимата или на почетокот на пролетта, кога ќе дојде новата администрација“, изјави Бери Босврфекономски експерт на Институтот „Брукингс во Вашингтон.

Намалувањето на вредноста на еврото во однос на доларот ќе биде добра за европските компании што извезуваат во странство.

„Намалувањето на вредноста на еврото е добра вест за Европа, бидејќи ги зголемува можностите за извоз од многу европски држави во држави, како на пример САД. За Британија, ова нема да има позитивен ефект зошто земјата нема повеќе да има пристап кон ЕУ“, вели Босврф.

Американската економија ќе доживее бум во наредните две години.

„Ако Републиканците во Конгресот и новиот претседател се договорат за даночно намалување, привремено ќе имаме втор голем бум на економијата. Но долгорочните ефекти ќе зависат од градењето на економијата. Ако гледаме во иднина, по една или две добри години, економијата ќе почне да забавува. Фундаменталниот проблем за американската економија е што не создаваме економски раст и продуктивност. Многу ја подобривме невработеноста, но не добиваме повратна информација од работникот“, смета економистот Босврф.

Потрошувачката моќ на Американците се очекува да порасне. Тие повеќе ќе патуваат во странство поради поголемата вредност на доларот и ќе можат да си дозволат повеќе луксуз. Ќе се отворат нови работни места, но американските компании нема да можат да извезуваат многу во странство поради поголемата вредност на доларот. Ова на долгорочен план нема да придонесе за намалување на долгот, оценуваат американските економисти.

Вредноста на американскиот долар се очекува да расте уште повеќе откако Доналд Трамп ќе ја преземе функцојата американски претседател.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ