Заврши основната потрага по остатоците од урнатиот руски авион

29.12.2016 10:59

Во несреќата загинаа сите 92 патници и членови на екипажот. Меѓу загинатите се и членовите на воениот ансамбл „Александров“.

Основната потрага по остатоците на рускиот воен авион „Ту-154“ што се урна во Црното Море во близина на Сочи е официјално завршена. Во несреќата загинаа сите 92 патници и членови на екипажот. Меѓу загинатите се и членовите на воениот ансамбл „Александров“.

Во меѓувреме, францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ објави карикатура за несреќата на која се гледа авионот и војник кој пее.