Донација од техничко- материјални средства за Дирекцијата за заштита и спасување
Директорот на ДЗС, Шабан Салиу информира дека донацијата се состои од 250 пумпи за вода со различен капацитет, 30 агрегати за електрична енергија и 51 носило за кои упати голема благодарност до компанијата и до амбасадорката на Македонија во Полска, Горица Атанасова Ѓорѓеска.

Опрема во вредност од 22 илјади евра доби Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Донацијата е од приватна компанија од Полска која се занимава со производство на воена опрема. Донирани се материјално- технички средства наменети за спасување од поплави.
Директорот на ДЗС, Шабан Салиу информира дека донацијата се состои од 250 пумпи за вода со различен капацитет, 30 агрегати за електрична енергија и 51 носило за кои упати голема благодарност до компанијата и до амбасадорката на Македонија во Полска, Горица Атанасова Ѓорѓеска.
Членот на бордот на директори на компанијата Росомак С.А., Мачеј Пжибила, рече дека нивната компанија повеќе од пет години соработува со институциите во Македонија и со Министерството за одбрана. Според него оваа донација е симболична бидејќи дојде помеѓу католичкиот и православниот Божиќ, и како што рече, ова е време на споделување со пријатели.
