Смени во министерствата според договорот од Пржино
Оливер Спасовски и официјално повеќе не е министер за внатрешни работи, откако претпладнето, му ја предал министерската функција на Агим Нухиу, кој досега беше заменик- министер. Во Министерството за труд и социјална политика на министерската фотеља, на местото на Фросина Ременски, седнува Ибрахим Ибрахими.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и официјално повеќе не е министер за внатрешни работи, откако претпладнето, му ја предал министерската функција на Агим Нухиу, кој досега беше заменик- министер. Во Министерството за труд и социјална политика на министерската фотеља, на местото на Фросина Ременски, седнува Ибрахим Ибрахими.
Со објавувањето на конечните резултати од изборите од Државната изборна комисија и согласно договорот од 20-ти јули, им заврши мандадот и на дополнителниот заменик-министер во МВР, Оливер Андонов, за труд и социјала Диме Спасов, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на Кире Наумов во ресорот финансии и на Александар Кирацовски во информатичко општество и администрација.
