МВР подготвено за претседателските избори

05.02.2014 12:16

МВР ги почна подготовките за претседателските избори, до ДИК доставни се податоците кои биле побарани за ажурирање на единствениот избирачки список.

Активностите на МВР ќе се одвивата во времето на предизборната кампања, денот на гласањето и по затворањето на гласачките кутии. Според ресорната министерка Гордана Јанкулоска, на полициските службеници согласно со законот ќе им биде забрането ставање во функција на политички партии и вон работното време.

Во тек е формирање, рече Јанкулоска, на регионални штабови, кои од близу ќе го следат случувањетио на теренот во предизборниот период.

Во МВР информираат дека е подготвен одделот за обезбедување на кандидатите за Претседател. Службите за издавање на лични документи ќе работат со полна пареа, меѓу другото и на самиот ден на гласањето.