СДСМ: Иванов е составен дел од проблемот

29.12.2016 15:12

Според СДСМ, Груевски и Иванов ги загрозиле државните и националните интереси...

Социјалдемократскиот сојуз излезе со реакција за говорот на претседателот Иванов. Во дописот од партијата е наведено: „Иванов е составен дел од проблемот што десет години ја влече Македонија назад. Тој со неуставните и незаконски помилувања, застана во заштита на криминалот, против интересите на народот и доцна е да се правда, за сѐ ќе има одговорност“.

Според СДСМ, Груевски и Иванов ги загрозиле државните и националните интереси и затоа граѓаните, како што велат Социјалдемократите, избрале промени.