Истражување на Агенцијата за медиуми: Граѓаните се информираат од повеќе извори

29.12.2016 16:10

63 проценти од граѓаните сметаат дека медиумите различно информираат за ист настан. 75 насто од анкетираните не ги прифаќаат вестите само од еден извор- истражување на Агенцијата за медиуми.

63 проценти од граѓаните сметаат дека медиумите често различно информираат за ист настан– покажува истражувањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Сепак, од Агенцијата објаснуваат дека е добро што 75 проценти од испитаниците не ги прифаќаат информациите само од еден извор или медиум, туку прават сублимат од повеќе.

Истражувањето на Агенцијата покажало дека телевизиите не обрнуваат внимание на потребите на лицата со сетилна попреченост. МТВ ја исполнува својата законска обврска, но според засегнатите лица со оштетен вид и слух, потребно е да бидат приспособени повеќе различни содржини за нив и на другите телевизии.

Во извештајот се опфатени и известувањето пред и во текот на изборната кампања.

Според податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги во медиумите повеќе работат жени, а на уредничките места најчесто се мажи. Во 75 проценти од соговорниците во прилозите се мажи, покажало истражувањето за родот во медиумите.

 

Наташа Јанчиќ